Чавушоглу: Во подрачјата во Сирија исчистени од тероризмот, се вратија повеќе од 260 илјади бегалци

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во подрачјата во Сирија кои што од страна на Турција се исчистени од тероризмот досега се вратија повеќе од 260 илјади сириски бегалци

1087712
Чавушоглу: Во подрачјата во Сирија исчистени од тероризмот, се вратија повеќе од 260 илјади бегалци

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во својот говор што го одржа пред Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) се осврна на актуелниот дневен ред.

Притоа во врска со борбата што ја води Турција против тероризмот и Сиријците кои се враќаат назад во својата земја, Чавушоглу рече: „Од нашата земја досега во подрачјата на операцијата Еуфратски штит и операцијата Маслиново гранче се вратија повеќе од 260 илјади бегалци.“ 

Во однос на борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Во рамките на истрагите против челниците на структурата на ФЕТО во странство се подготвени досиеја за испорака во врска со 452 лица. Овие досиеја се испратени до 83 земји во кои се наоѓаат овие лица.“ 

Во врска со поставената парична награда од страна на САД за тројцата челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК пак, Чавушоглу ја изнесе следната констатација: „Тоа се позитивни, меѓутоа задоцнети и недоволни чекори.“

Мевлут Чавушоглу воедно истакна дека повторно ќе бидат отворени и ќе почнат да работат генералните конзулати на Турција во ирачките градови Мосул и Басра.

Во однос на Иран пак, Чавушоглу напомена дека таа е значајна соседна земја за Турција и рече: „Санкциите на САД не ги сметаме за правилни. Ние сме против санкции. За сведување на минимално ниво на евентуалното негативно влијание на санкциите како над иранскиот народ, така и над нашите трговски и економски односи, ние сме во блиска соработка со сите страни, а поготово со САД. Едностраните одлуки на САД почнаа да влијаат негативно на системот во целиот свет.“   

Правејќи проценка и на едностраната иницијатива за Грција и грчкиот дел на Кипар за пребарување природен гас во Источниот Медитеран, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Ги презедовме неопходните мерки за одбрана на интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во морето. Не би сакале никој да се впушти во авантура.“

 



Слични вести