Турција го осуди вчерашниот терористички напад во главниот град на Авганистан, Кабул

Во објавеното од МНР на Турција се истакнува дека се осудува вчерашниот терористички напад во авганистанскиот главен град Кабул во кој загинаа 6 лица, а 10 лица беа ранети

1086736
Турција го осуди вчерашниот терористички напад во главниот град на Авганистан, Кабул

Турција го осуди вчерашниот терористички напад во главниот град на Авганистан Кабул и го изрази своето сочувство до авганистанскиот народ.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Со големо жалење е дочекана веста за бомбашкиот напад за време на еден протестен митинг вчера во Кабул во знак на протестирање против безбедносната состојба во провинциите Газне и Урузган, во кој загинаа голем број лица, а голем број лица беа ранети. Го осудуваме овој терористички напад, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, на пријателската авганистанска влада и братскиот авганистански народ го изразуваме нашето сочувство, а на ранетите им поскауваме побрзо оздравување.“

Во вчерашниот реализиран самоубиствен напад во авганистанскиот главен град Кабул кога самоубиствениот напаѓач ја експлодира бомбата на себе меѓу големиот број лица кои одржуваа протест, загинаа 6 лица, а 10 лица беа ранети.



Слични вести