Фахреттин Алтун: Француските изјави во врска со снимките со Кашикчи се неприфатливи

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Ердоган, Фахреттин Алтун, истакна дека тоа што францускиот министер за надворешни работи го обвини претседател Ердоган за играње на политички игри, е неприфатливо

1086497
Фахреттин Алтун: Француските изјави во врска со снимките со Кашикчи се неприфатливи

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Ердоган, Фахреттин Алтун, покажа реакција против изјавите на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги).

Алтун рече дека тоа што францускиот министер за надворешни работи го обвини претседател Реџеп Тајјип Ердоган за играње на политички игри, е неприфатливо.

Велејќи дека Турција продолжува да работи за изнесување на виделина на сите детали на убиството на Кашикчи (Кашоги), Алтун напомена дека тоа се однесува и на тоа кој ја издал наредбата за убиството.

Фахреттин Алтун истакна дека не треба да се заборави оти да не беа одлучните напори на Турција случајот од одамна ќе беше прикриен и потсети дека споделувањето на доказите во врска со убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) со функционерите на голем број пријателски земји отворено ја изнесува намерата на Турција за обелоденување на случајот.

Потсетувајќи дека и канадскиот премиер Џастин Трудо во дадената изјава на одржаната прес конференција потврди дека ги зеле доказите од Турција, Алтун нагласи дека во овој процес не беше постапено поразлично кон Франција.

Шефот на одделот за комуникации на кабинетот на претседателот Ердоган, Фахреттин Алтун рече: "По овој повод  потврдувам дека доказите во однос на убиството на Кашикчи се споделени со надлежните оддели на француската држава. На 24 октомври 2018 година на еден претставник на француското разузнавање му беа дадени да ги преслуша аудио снимките и се него беа споделени детални податоци меѓу кои и дешифрираните снимки. Ако постои проблем во комуникација меѓу различните институции на француската држава Република Турција не е таа која ќе го реши тој проблем, туку тоа ќе го решат француските органи.“

Алтун додаде дека ги повикуваат сите членки на меѓународната заедница, а пред се Франција да фрлат чекори за изнесување на виделина на сите детали на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

 



Слични вести