Столтенберг: Безбедноста на Европа не може да се воспостави без земјите како што е Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека безбедноста на Европа не е можно да се воспостави без земјите како што е Турција, која располага со клучно значење по прашањето на борбата против тероризмот

1086459
Столтенберг: Безбедноста на Европа не може да се воспостави без земјите како што е Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг говореше пред институцијата по име "German Atlantic Society" во германскиот главен град Берлин и притоа укажа на тоа дека земјите кои не се членки на Европската унија (ЕУ) одигруваат значајна улога во воспоставувањето на безбедноста на Европа.

Столтенберг рече дека безбедноста на Европа не е можно да се воспостави без земјите како што е Турција, која располага со клучно значење по прашањето на борбата против тероризмот.

Велејќи дека со задоволство ги дочекува напорите на Европа во правец на развивање на сопствените одбранбени способности, Столтенберг напомена дека доколку тоа биде направено на начин со кој што ќе бидат зајакнати трансатлантските односи, со тоа ќе зајакне и НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг привлече внимание на тоа дека по повлекувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) 80 отсто од одбраната на НАТО ќе се обезбедува од страна на земји кои не се членки на ЕУ.

Столтенберг во својот говор го додаде и тоа дека Турција води борба против нестабилноста во Ирак и во Сирија.

 



Слични вести