МВР: За една недела се реализирани 2.388 антитерористички операции и се неутрализирани 14 терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на борбата против сепаратистичко-терористичките организации во периодот од 5 до 12 ноември, за една недела, се реализирани вкупно 2.388 операции и се неутрализирани 14 терористи

1085919
МВР: За една недела се реализирани 2.388 антитерористички операции и се неутрализирани 14 терористи

Во реализираните операции за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата, во последната една недела се неутрализирани 14 терористи.

Според објавеното соопштение од министерството за внатрешни работи, во рамките на борбата против сепаратистичко-терористичките организации во периодот од 5 до 12 ноември, за една недела, од страна на турските воздушни и копнени сили со посредство на Специјалните жандармериски сили (ЖОХ), Специјалните полициски сили (ПОХ) и Жандармериските командоски сили се реализирани вкупно 2.388 операции и се неутрализирани 14 терористи.

Притоа во овие операции се притворени вкупно 5.086 лица од кои 747 лица за пружање помош и уточиште на терористичките организации и поврзаност со нив, 4.176 лица за опојни дроги и криумчарење и 163 лица во рамките на борбата против илегалната имиграција.

Во операциите во близина на градовите Тунџели, Дијарбакир, Муш, Хатај, Ван, Османије, Трабзон, Мардин, Ширнак и Бинѓол се доведени во неупотреблива состојба 28 засолништа на терористите.

Освен тоа се запленети и големи количини на оружје и муниција, и тоа 24 парчиња оружје од кои 5 парчиња тешко и автоматско оружје, 11 рачни бомби, 289 килограми експлозивен материјал, 15 експлозивни направи од рачна изработка и 515 парчиња муниција.

 



Слични вести