Вчера мавзолејот на Ататурк "Аниткабир" го посетија голем број граѓани

Вчера по повод 10 ноември мавзолејот на Ататурк "Аниткабир" во Анкара беше посетен од страна на голем број граѓани

Вчера мавзолејот на Ататурк "Аниткабир" го посетија голем број граѓани
anitkabir 10 kasim.jpg
anitkabir 10 kasim1.jpg
anitkabir 10 kasim2.jpg
anitkabir 10 kasim3.jpg
anitkabir 10 kasim4.jpg

Вчера, 10 ноември Денот на сеќавање на Ататурк, 80-годишнината од смртта на големиот лидер и основоположник на Република Турција, беше одбележан со церемонии, манифестации и програми во целата земја и во дипломатско-конзуларните претставништва на земјата во различни делови на светот.

По официјалната церемонија на која учествуваше државниот протокол на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, мавзолејот на Ататурк "Аниткабир" во Анкара беше отворен за посета на граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден до доцните вечерни часови мавзолејот "Аниткабир", на одбележуваето на 80-годишнината од смртта на основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк го посетија голем број граѓани.

Мавзолејот на Ататурк до доцните вечерни часови беше преплавен со голем број граѓани кои допатуваа од различни градови и помали населени места ширум Турција.

И покрај студеното време големиот број посетители со турски знамиња, постери на Ататурк и цвеќиња во своите раце читаа дови (молитви) пред гробот на Ататурк и му оддадоа почит на големиот лидер.

Големиот број граѓани кои сакаа да дојдат на местото каде што се наоѓа гробот на Ататурк и да го посетат музејот на народноослободителната борба формираа долги редици на степениците.

За време на посетата на граѓаните преку звучници во мавзолејот "Аниткабир" се слушаше гласот на Ататурк.

Големиот број посетители покажаа голема заинтересираност и беа воодушевени и од запалените факели поставени на двете страни на степениците коишто водат до гробот на основоположникот и прв претседател на Република Турција големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк.

 



Слични вести