Средба на Ердоган со Трамп во Париз

Претседателот Ердоган во Париз разговараше со американскиот претседател Трамп на вечерата приредена од страна на францускиот претседател Макрон

1085641
Средба на Ердоган со Трамп во Париз

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на покана на францускиот претседател Емануел Макрон престојува во посета на Париз каде што учествува на манифестациите по повод одбележувањето на 100-годишнината од Договорот за примирје со којшто заврши Првата светска војна.

Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган во Париз најпрвин го посетија музејот Орсај каде што учествуваа на приемот на изложбата насловена како "Picasso Bleu et Rose".

Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган за време на посетата на музејот разговараа со претседателот на Молдавија Игор Додон и неговата сопруга Галина Додон.

Потоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган учествуваа на вечерата приредена од страна на домаќинот францускиот претседател Емануел Макрон во чест на претседателите и премиерите на држави и претседателите на меѓународните организации и нивните сопруги.

На вечерата претседателот Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп седнаа еден до друг.

Притоа претседателот Ердоган за прв пат се сретнаа лице в лице со американскиот претседател Трамп, по кризата во врска со санкциите.

Во оваа прилика Ердоган и Трамп разговараа извесно време.

Белата куќа соопшти дека двајцата лидери кои се сретнаа на вечерата разговараа за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички.

Ердоган и Трамп направија провенка на тоа каков став би бил презентиран во врска со убиството.

Претседателот Ердоган разговараше и со домаќинот францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон, а на вечерата се состана и со претседателите и премиерите на држави и претседателите на меѓународните организации.

Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган имаа срдечен разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а извесно време разговараа и со голем секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Хозе Ангел Гуриа и неговата сопруга Лулу Куинтана Де Гуриа.

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на вечерата извесно време разговараше и со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, претседателот на советот на претседателството и премиер на Либија Фајез ал-Сараџ, катарскиот емир Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани и со либанскиот премиер Саад Харири.

 



Слични вести