Ердоган за "Ле Фигаро": Борбата против тероризмот е потреба на безбедноста на европските народи

Претседателот Ердоган во статијата што ја напиша за францускиот весник "Ле Фигаро" истакна дека борбата против терористичките организации е потреба на безбедноста на европските народи

1085731
Ердоган за "Ле Фигаро": Борбата против тероризмот е потреба на безбедноста на европските народи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна напиша статија за францускиот весник "Ле Фигаро".

Ердоган во статијата истакна дека борбата против терористичките организации е потреба на безбедноста на европските народи.

Велејќи дека мора да ја извлечеме неопходната поука и да се потсетиме на болките, тешкотиите и рушењето за време на Првата светска војна како во Европа така и во другите делови на светот, Ердоган рече: "Крвавата војна којашто заврши пред 100 години на најотворен начин му ги покажа на човештвото последиците од експлоатацијата, експанзијата и агресијата. Истовремено грешките коишто беа направени во точката на формирање на поредокот по овој настан, за жал ги воспоставија условите на Втората светска војна и станаа причина да се доживеат невидени слични болки во историјата."

Истакнувајќи дека Република Турција во секој период од својата историја покажувала почит кон триторијалнтери интегритет на своите соседи и фрлала чекори во насока на поддржување на нивниот мир и стабилноста, Ердоган го нагласи следното:"Да се приговори против новите поделби во нашиот регион од оние од видот на Сајкс-Пико или да се води борба против терористичките организации како ДЕАШ, ПКК и ФЕТО претставува потреба точно на оваа почит што ја покажуваме кон нашите соседи и на безбедноста на европските народи меѓу кои се наоѓаме."

Велејќи "Најзначајната лекција којашто треба да се извлече од Првата светска војна е тоа колку е тешко да се воспостави трајниот мир", претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата статија за францускиот весник "Ле Фигаро" го подвлече следното: "Поради тоа ќе ги продолжиме нашите активности како Турција кон нашата цел за полноправно членство во Европската унија (ЕУ) како најзначаен мировен проект во историјата на Европа; истовремено ќе продолжиме да го даваме нашиот придонес на мирот и стабилноста истовремено со поддржување на демократските и слободарските управи кои ги претставуваат широките маси на Блискоисточната географија."

 



Слични вести