Претседателот Ердоган утре ќе отпатува за Франција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува за Париз каде што ќе учествува на церемониите во Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од потпишувањето на Договорот за примирје, со кој официјално заврши Првата светска војна

1084888
Претседателот Ердоган утре ќе отпатува за Франција

На покана на францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува за Париз.

Во објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, се истакнува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 10 и 11 номеври ќе престојува во посета на Франција каде што ќе учествува на церемониите во Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од потпишувањето на Договорот за примирје, со кој официјално заврши Првата светска војна.

Во соопштението се вели дека на оваа церемонија ќе учествуваат приближно 100 претседатели и премиери на држави и високи меѓународни функционери, а воедно се ддоава дека по повод посетата се предвидува претседателот Ердоган да оствари и низа билатерални средби со лидерите на некои земји.



Слични вести