Остварен првиот лет од аеродромот Истанбул за Баку

Летот за кој постоеше големо интересирање беше остварен со 121 патник

1083887
Остварен првиот лет од аеродромот Истанбул за Баку

Остварен првиот лет од аеродромот Истанбул за Баку, главниот град на Азербејџан.

По свеченото отворање на новиот аеродром Истанбул на 29 октомври од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и високи државници од светот, вториот надворешен лет од аеродромот Истанбул беше остварен во 09.30 часот според турско време за меѓународниот аеродром Хајдар Алијев во Баку, Азербејџан. Летот беше остварен со авионот од типот Боинг 737.

Летот за кој постоеше големо интересирање беше остварен со 121 патник.

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ по летовите за Анкара, Измир, Анталија и ТРСК, петтиот лет од аеродромот Истанбул го оствари за Баку. Овој лет до 31 декември ќе се остварува секој ден, неделно вкупно седум фреквентни летови.

Со новите летови кои што беа додадени, вкупниот број на летови на Туркипш ерлајнс меѓу Истанбул и Баку од аеродромот Ататурк изнесува на 28, од аеродромот Истанбул 7, од аеродромот Сабиха Ѓокчен 3, вкупно достигна 38.

Вкупниот број на патници во 2017 година кои летаа со Туркиш ерлајнс за Баку изнесуваше 337 илјади 300 патници, додека во првите 10 месеци на 2018 година оваа бројка изнесуваше 337 илјади.

Стапката на пополнетост во првите 10 месеци на 2018 година во споредба со истиот период лани се зголеми за 7 насто и изнесува 77 насто.



Слични вести