Керем Киник: Турција е земја која додели најголема хуманитарна помош во светот во 2017 година

Претседателот на Турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник истакна дека Турција со 8,6 милијарди долари е земја која додели најголема хуманитарна помош во светот во 2017 година

1083042
Керем Киник: Турција е земја која додели најголема хуманитарна помош во светот во 2017 година

Претседателот на Турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник синоќа учествуваше на свечената вечера приредена од страна на канцеларијата на Кизилај во Измир и во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека Измир со неговата култура и неговиот идентитет е мошне значаен град.

Киник истакна дека Турција со 8,6 милијарди долари е земја која додели најголема хуманитарна помош во светот во 2017 година.

Потсетувајќи дека Турската Црвена полумесечина Кизилај одбележува 150 години од своето формирање, Киник напомена дека Кизилај со своите 7 илјади вработени реализира услуги како што се акции за собирање на крв, операции за време на елементарни непогоди и различни социјални услуги со што ги продолжува своите работи за зголемување на националната поддршка по прашањето на доделување помош и образованието. 

Тој истакна дека постои факт кој што се нарекува миграција и дека како резултат на тоа во Турција се засолнаа приближно 4 милиони лица.

Велејќи дека во светот продолжуваат да се водат 40 војни и дека секојдневно илјадници луѓе стануваат бегалци, претседателот на Турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник рече: „Додека денеска во целиот свет луѓето трпат болка, се експлоатира она кое што го имаат, ние сме оние кои би можеле да станеме совеста на тие луѓе и располагаме со малку поголема одговорност од сите други. Ќе покажеме заинтересираност кон нашите маки. Ќе го кренеме на нозе нашиот човек, ќе спречиме да падне, меѓутоа и човештвото очекува многу работи од нас. Денеска овие територии го прават она што им припаѓа ним. Турција во 2017 година стана земја која додели најголема хуманитарна помош во светот. Таа со 8,6 милијарди долари е на прво место и успеа да го направи тоа со доделување помош на други луѓе, а не само на сопствените граѓани.“

 



Слични вести