Ердоган: „Најуспешен сектор на Турција е здравствениот сектор“

Сакаме уредите за томографија, ултрасонографија, магнетна резонанција ние да ги произведуваме

1083321
Ердоган: „Најуспешен сектор на Турција е здравствениот сектор“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека здравствениот сектор е сектор во кој беа остварени најмногу инвестиции и се наоѓа на чело на најуспешните остварувања.

Во говорот на свеченото отворање на новата учебна година Универзитетот за здравствени науки во спортската сала на комплексот Ѓулхане во Анкара, претседателот Ердоган рече:

„Здравството е еден од најчувствителните сектори за нас на кој 16 години посветуваме посебно внимание. Освен големите инвестиции што ги остваривме  во овој сектор, исто така здравствениот сектор се наоѓа на челото на секторите во кои постигнавме најубави успеси.

Градската болница во Билкент ќе се отвори во декември, рече Ердоган потенцирајќи дека заедно со градските болници ќе оствариме сериозен подвиг и во сферата на здравствениот туризам. Турција има потреба од силна национализација во полето на здравството и одомашување.

Сакаме уредите за томографија, ултрасонографија, магнетна резонанција ние да ги произведуваме. Турција може да ги произведе овие уреди бидејќи располагаме со потребната моќ и луѓе. Моментално ги каниме странските фирми и компании кои што можат да започнат заедничко производство со нашите компании и се соочуваме со поволни приоди. Во најскоро време ќ ги фрлиме потребните чекори и на тоа поле“ рече Ердоган.

Во освртот на одомашувањето во здравството, Ердоган рече дека ова прашање е исто толку значајно и критично колку и одбранбената индустрија.



Слични вести