ТРТ со дрон ги сними позициите на терористичката организација ПЈЈ/ЈПГ источно од Еуфрат

Од снимките јасно се гледаат влезовите на тунелите на позициите на терористите кои се стационирани на доминантните ридови во околината на селото,

1082570
ТРТ со дрон ги сними позициите на терористичката организација ПЈЈ/ЈПГ источно од Еуфрат

Екипата на Турската радио телевизија (ТРТ) со дрон ги сними позициите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се стационирани источно од Еуфрат во Сирија.

На специјалните снимки што ги долови екипата на информативниот канал ТРТ Хабер се наоѓаат позициите на терористите лоцирани во селото Бендирхан и околината во Тал ал Абјад.

На снимките може да се види како терористите работат на  проширувањето на позициите.

Од снимките јасно се гледаат влезовите на тунелите на позициите на терористите кои се стационирани на доминантните ридови во околината на селото,

Терористите кои го забележаа дека се снимаат отворија оган врз дронот.

По провокативниот оган што го отворија терористите кои беа снимени кон турската страна, Турските вооружени сили одговорија со артилериски оган од хаубиците.

Селото Бендирхан се наоѓа на 20 км од Тал ал Абјад и самата граница.

На спротивната страна се наоѓа селото Ѓувенчли во близината на Акчакале кај Шанлиурфа.



Слични вести