Претседателот Ердоган: Турција е светски лидер во борбата против ерозијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција е светски лидер во борбата против ерозијата

1082767
Претседателот Ердоган: Турција е светски лидер во борбата против ерозијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на садење на фиданки што се одржа во Анкара и во оваа пригода истакна дека Турција е светски лидер во борбата против ерозијата.

Нагласувајќи дека со секој поминат ден се намалуваат шумите општо во светот, Ердоган рече: „Местото на продуктивните земјоделски поседи го заземаат фабриките кои што со своите оџаци го загадуваат воздухот. Товарот на овие проблеми кои што ги создаваат западните држави го плаќаат, сиромашните држави и сиромашните народи. Просперитетот на една земја, на еден регион се потпира на мизеријата (бедата) на другите земји.“

Претседателот Ердоган предупреди дека доколку не се промени погледот кон природата, животната околина и животот, светот целосно ќе излезе да стане место за живеење.  

Велејќи дека со напорите кои што се водат во текот на 16 години шумските површини на Турција од 21 милион хектари се зголемени на 22 милиони хектари, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Имаме 137 градски шуми, 424 медени шуми. За 16 години посадивме 4 милијарди 70 милиони фиданки. Иншаллах (со Аллахова помош) сакаме оваа бројка да ја искачиме на 7 милијарди. Водиме борба против опустинувањето и на умовите на земјината топка, а не само опустинувањето на шумите. Турција е светски лидер во борбата против ерозијата и е од ретките земји кои ги прошируваат шумските површини. Им придаваме приоритет на активностите кои што ќе ни придадат еколошка свест.“



Слични вести