Мевлут Чавушоглу во Токио се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Абе и се заблагодари на турската влада, а пред се на претседателот Ердоган и министерот Чавушоглу за јапонскиот новинар Јумпеи Јасуда кој 3 години беше држен во заложништво во Сирија и беше ослободен со залагањата и помошта на Турција

1082632
Мевлут Чавушоглу во Токио се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во главниот град на Јапонија, Токио, се состана и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Притоа на средбата јапонскиот премиер Абе и се заблагодари на турската влада, а пред се на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за јапонскиот новинар Јумпеи Јасуда кој 3 години беше држен во заложништво во Сирија и беше ослободен со залагањата и помошта на Турција.

Абе рече: „Сакаме да ги унапредиме односите со Турција на секое поле и на секое ниво.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така го изрази задоволството од тоа што јапонскиот новинар Јасуда се врати здрав и жив во својот дом и рече: „Со оваа моја посета остварив мошне продуктивни разговори со сите мои соговорници за унапредување уште понапред на нашите мошне добри односи.“

Велејќи дека чувствува посебно задоволство од и од тоа што и кај двете страни постои волја за унапредување на односите, Чавушоглу додаде дека во склопот на своите средби и разговори во Јапонија вчера имаше средба и со неговиот јапонски колега, министерот за надворшени работи Таро Коно.

 



Слични вести