Ердоган: Заедничкото патролирање на САД со терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија е неприфатливо

Претседателот Ердоган покажа реакција против заедничкото патролирање на САД со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во некои области во северниот дел на Сирија

1082609
Ердоган: Заедничкото патролирање на САД со терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија е неприфатливо

Претседателот на држаата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган по говорот што го одржа на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) даде изјави за новинарите.

Ердоган направи проценка на тврдењата во врска со тоа дека САД кои го започнаа заедничкото патролирање со Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на Менбич, во некои области во северниот дел на Сирија реализираат заедничко патролирање и со терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Притоа Ердоган истакна дека заедничкото патролирање на САД со сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија е неприфатливо.

Тој рече: „Тоа е неприфатливо. Ваквата состојба би била причина за сериозни негативности на границата. Верувам дека господинот Доналд Трамп ќе го сопре процесот во врска со тоа.“ 

Одговарајќи и на едно прашање во врска со санкциите на САД врз Иран, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Санкциите врз Иран не ги сметам за правилни. Тоа е чекор во правец на пореметување на рамнотежата во светот. Во спротивност е и со меѓународното право и дипломатијата. Не сакаме да живееме во империјалистички свет. Ние од Иран купуваме 10 милијарди кубни метри природен гас. Нема да се придржуваме кон една ваква санкција.“

 



Слични вести