Ердоган: Турција го доживува најуспешниот период во својата историја во борбата против тероризмот

Претседателот Ердоган истакна дека Турција го доживува најуспешниот период во својата историја во борбата против тероризмот

1082522
Ердоган: Турција го доживува најуспешниот период во својата историја во борбата против тероризмот

Претседателот на држаата и воедно претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што даде значајни изјави во однос на голем број прашања.

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна на борбата против тероризмот и истакна дека Турција го доживува најуспешниот период во својата историја во борбата против тероризмот.

Тој рече: „Добивме значајни резултати со тоа што им нанесовме удари, како внатре во границите на нашата земја така и надвор од земјата, на терористичките организации кои што ги хранат и гајат мрачните сили. Ги уништивме, уништуваме и ќе ги уништиме сите колку што постојат терористички организации од (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК до ДЕАШ и од Фетулахистичката терористичка органзиација ФЕТО до ДХКП-Џ.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во продолжение рече: „Турција, најуспешните резултати во историјата на борбата што ја води против терористичките организации, бандите, препродавачите на опојни дроги и секој вид активности за нарушување на јавниот ред и мир, ги доби во нашиот период. Само во реализираните операции кои што се реализирани од јули 2016 година досега внатре во земјата неутрализиравме 761 терорист, во северниот дел на Ирак 1.092, во операцијата Еуфратски штит во Сирија 3.000, а во операцијата Маслиново гранче над 4.500 терористи.“ 

Велејќи дека се уапсени 2.000 лица поврзани со терористичката организација ДЕАШ, Ердоган ја сподели информацијата дека 7.000 лица поврзани со тероризам беа депортирани, а за приближно 70.000 лица е донесена забрана за влегување во Турција.

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека припадниците на предавничката банда ФЕТО која е одговорна за извршениот обид за преврат од 15 јули 2016 година полагаат сметка пред правдата. 

 



Слични вести