Чавушоглу: И Турција и Јапонија се желни за зголемување на своите билатерални односи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека и кај двете страни постои многу поголемо воодушевување и поголема волја од било кога досега за зајакнување на билатералните односите и зголемување на солидарноста во однос на регионални прашања

1082479
Чавушоглу: И Турција и Јапонија се желни за зголемување на своите билатерални односи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на приемот што се одржа во амабсадата на Турција во Токио се состана со турските граѓани кои живеат во Јапонија.

Во говорот што го одржа во оваа пригода Чавушоглу истакна дека и кај двете страни постои многу поголемо воодушевување и поголема волја од било кога досега за зајакнување на билатералните односите и за зголемување на солидарноста во однос на регионални прашања.

Чавуоглу ја прошета изложбата на јапонските уметници со дела изработени во минијатура и уметноста хат (калиграфија) и разговараше со турските граѓани кои живеат во Јапонија.

Мевлут Чавушоглу подвлече дека посетата на Јапонија што ја започна завчера поминува мошне успешно и дека овде меѓу другото ги доставиле до јапонските органи и барањата на турските граѓани кои живеат овде.

Велејќи дека на овдешните остварени средби и разговори станало збор за тоа како би можела да се зголеми и продлабочи соработката помеѓу двете земји, Чавушоглу рече: „И кај двете страни постои многу поголемо воодушевување и поголема волја од било кога досега за зајакнување на билатералните односите и за зголемување на солидарноста во однос на регионални прашања.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека Турција се обидува да врши услуга на најдобар начин на своите граѓани во странство, на роднинските заедници и на своите сонародници, а воедно напомена дека во однос на ова се зголемени и квалитетот и брзината на услугата на министерството.

 



Слични вести