Во последната една недела се неутрализирани 45 терористи на ПКК

Во реализираните операции во последната една недела во рамките на борбата против тероризмот се неутрализирани 45 терористи на ПКК од кои двајца таканаречени високи функционери од водечкиот кадар

1081634
Во последната една недела се неутрализирани 45 терористи на ПКК

Во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата во последната една недела се неутрализирани 45 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, од кои двајца таканаречени високи функционери од водечкиот кадар.

Министерството  за внатрешни работи ги сподели бројките во врска со операциите кои што се реализираат во рамките на воспоставувањето на внатрешната безбедност во земјата во периодот од 29 октомври до 5 ноември.

Во соопштението на министерството се истакнува дека во наведениот период од една недела, од страна на турските воздушни и копнени сили со посредство на Специјалните жандармериски сили (ЖОХ), Специјалните полициски сили (ПОХ) и Жандармериските командоски сили се реализирани вкупно 2.143 операции.

Во овие операции се неутрализирани 45 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, од кои двајца таканаречени високи функционери од водечкиот кадар.

Во рамките на операциите се притворени и 4.577 лица.

 



Слични вести