ТРТ ворлд продолжува да ја шири информативната мрежа

По дополнителните избори кои што ќе се одржат на 6 и 7 ноември, дописниците на ТРТ ворлд со емисиите што ќе ги емитуваат од различни сојузни држави како што се Џорџија, Флорида и Тексас, ќе пружат поинаков поглед на изборите

1082014
ТРТ ворлд продолжува да ја шири информативната мрежа

ТВ канал на англиски јазик ТРТ ворлд (TRT World) на Турската радио телевизија (ТРТ) со новото студио во Вашингтон продолжува да ја шири информативната мрежа.

ТРТ ворлд кој важи за меѓународна информативна мрежа на Турција, новите студија од кои веднаш ќе известува за актуелните случувања, ќе ги промовира со специјалните програми што ги подготви во врска со дополнителните избори кои ќе се одржат во САД на 6 и ноември.

По дополнителните избори кои што ќе се одржат на 6 и 7 ноември, дописниците на ТРТ ворлд со емисиите што ќе ги емитуваат од различни сојузни држави како што се Џорџија, Флорида и Тексас, ќе пружат поинаков поглед на изборите.

ТРТ ворлд ќе биде гласот на избирачите кои првпат ќе гласаат на изборите, малцинските заедници, а исто така на гледачите ќе им пружи поинаков поглед на прашањето во врска со миграциите и „Жената на годината“.

Водител на специјалната програма на ТРТ ворлд за време на изборите во САД ќе биде Алиџан Ајанлар кој истовремено ќе биде и домаќин на низа високи гости.

Центарот за емитување на ТРТ ворлд во Вашингтон меѓудругото на гледачите неделно ќе им ја промовира програмата Поголеми од пет (Bigger Than Five).

Програмата која ќе се емитува од страна на новинарката Гида Факри со светско реноме на гледачите ќе им овозможи една поинаква алтернатива за гледање на случувањата во врска со глобалниот светски поредок, моќат со која располагаат светските супер сили како и традиционалните приоди кон меѓународните прашања и проблеми.

Во рамките на програмата ќе се објават и интервјуа и репортажи со големите политички актери во Вашингтон и светот.

Во соопштението беа објавен и погледите на генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен кој рече дека Центарот за емитување во Вашингтон е првиот од серијата на ажурирање на сите меѓународни позиции.

ТРТ ворлд се емитува преку сите големи дигитални платформи како што се Року, Амазо фајр, Ејпл ТВ и има пристап до над 25 милиони уреди. ТРТ ворлд од аспект на локалната содржина и специјалните апликации се наоѓа на сите социјални мрежи и медиуми на САД.



Слични вести