Потпретседателот Фуат Октај: Одлуката на САД за санкции врз Иран не е донесена од страна на ОН

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека одлуката на САД за санкции врз Иран не е донесена од страна на ОН и потсети дека Турција е соседна земја на Иран

1081701
Потпретседателот Фуат Октај: Одлуката на САД за санкции врз Иран не е донесена од страна на ОН

Потпретседателот Фуат Октај даде изјава за Новинската агенција Анадолија (АА) во врска со санкциите на САД врз Техеран.

Октај истакна дека Турција е домаќин на Иран и привлече внимание кон тоа дека одлуката на САД за санкции врз оваа земја не е донесена од страна на Обединетите нации (ОН).

Тој рече: "Ако биде донесена одлука за санкции кон некоја земја адреса за тоа се Обединетите нации (ОН). По донесувањето на оваа одлука предупредија сите земји, вклучувајќи ја и Турција. Не е праведно да се очекува сите земји да се придржуваат кон одлуките коишто се донесени во правец на интересите на само една земја."

Потпретседателот Фуат Октај привлече внимание кон тоа дека Турција е соседна земја на Иран кон која САД спроведуваат санкции и рече: "Немаме шанса за само еден ден да прекинеме се со една земја која е наш сосед, од која обезбедуваме енергија и со која имаме мошне длабоки односи во сферите на трговијата и енергијата. Тоа ионака го истакнавме низ пати досега."

 



Слични вести