„Чувствуваме голема радост од одбележувањето на 2019 г. како година на турската култура во Јапонија“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Јапонија истакна дека се чувствува голема радост од одбележувањето на 2019 година како година на турската култура во Јапонија

1081848
„Чувствуваме голема радост од одбележувањето на 2019 г. како година на турската култура во Јапонија“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава за печатот во гостилницата Икура на јапонското министерство за надворешни работи во главниот град Токио, пред билатералните средби со својот јапонски колега Таро Коно укажа на тоа дека Јапонија располага со посебно место во срцата на сите Турци, а не само кај него.

Чавушоглу истакна дека се чувствува голема радост од одбележувањето на 2019 година како година на турската култура во Јапонија и потсети дека уште од сега се започнати работите во врска со манифестациите кои што ќе се одржат во тие рамки.

Велејќи дека со остварување на обострани посети и билатерални средби и разговори се вложуваат напори за уште повеќе продлабочување и зајакнување на врските помеѓу двете земји во секоја сфера, Чавушоглу напомена дека на средбата што ќе ја доржат со својот јапонски колега Таро Коно ќе се разговара за прашања како што се договорот за економско партнерство за кој што се преговара, некои проекти за кои што се планира да бидат ставени во живот во Турција и за Јапонско-турскиот научно технолошки универзитет.

Министерот Чавушоглу појасни дека на разговорите ќе бидат поставени на дневен ред и договорите и спогодбите за соработка за кои што продолжува да се преговара во голем број стратешки сфери како што се социјалната заштита, техничката соработка и управата за елементарни непогоди, а со цел зацврстување на правната основа на односите помеѓу двете земји.

„Чувствуваме голема радост од одбележувањето на 2019 година како година на турската култура во Јапонија. Уште од сега ги започнавме работите во врска со манифестациите кои што ќе се одржат во тие рамки.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и воедно додаде дека на своите денешни средби ќе се разговара и за координацијата на обостраните посети кои што ќе се реализираат помеѓу двете земји во иднина. 

Чавушоглу се потпиша во спомен книгата во јапонското минсиетсртво за надворешни работи и по дадената изјава за печатот премина на билатерална средба со својот јапонски колега Таро Коно.

Двајцата шефови на дипломатии по средбата вечерва повторно ќе се состанат на вечера.

 



Слични вести