Чавушоглу во Токио говореше на семинар посветен на турската надворешна политика и Блискиот исток

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави во јапонскиот главен град Токио дека Турција го дава својот придонес кон решавањето на меѓународните проблеми со преземање на меѓународни иницијативи и глобални задачи

1081479
Чавушоглу во Токио говореше на семинар посветен на турската надворешна политика и Блискиот исток

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Јапонија во главниот град на оваа земја Токио говореше на семинарот на тема „Турската надворешна политика и актуелните случувања на Блискиот исток.“

Притоа Чавушоглу истакна дека Турција го дава својот придонес кон решавањето на меѓународните проблеми со преземање на меѓународни иницијативи и глобални задачи. 

Велејќи дека Турција вложува интензивни напори за изнаоѓање на мировно решение за проблемите на Блискиот исток, Мевлут Чавушоглу појасни дека одлуките кои што ги донесуваат САД самите во регионот  и продолжувањето на агресивноста на Израел ја доведуваат ситуацијата во уште поискомплицирана состојба.  

Министерот Чавушоглу напомена дека Турција освен чекорите кои што ги фрла на теренот за изнаоѓање на трајно решение за кризата во Сирија, Таа воедно работи и со другите актери за формирање на уставниот комитет, а исто така ја презентираше и хуманитарната димензија на придонесите на Турција по прашањето со Сирија.

Потсетувајќи дека Турција е домаќин на голем број сириски бегалци, Чавушоглу истакна дека Таа досега за сириските бегалци има потрошено 33 милијарди долари.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде и тоа дека Турција се наоѓа на првото место во светот според доделената хуманитарна помош.

 



Слични вести