Реакција од Ердоган против едностраните чекори на Грција и кипарските Грци во Источниот Медитеран

Претседателот Ердоган реагираше на едностраните чекори коишто ги фрлаат Грција и Кипарско-грчкиот дел во Источниот Медитеран

1081286
Реакција од Ердоган против едностраните чекори на Грција и кипарските Грци во Источниот Медитеран

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Истанбул говореше на церемонијата на предавање на Поморските сили на бродот ТЏГ Бургазада, третиот брод од проектот за изградба на национален брод Милгем.

Ердоган истакна дека апсолутно нема да бидат прифатени иницијативите во правец на речиси насилното одземање на природните извори во Источниот Медитеран, со исклучување на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Тој во својот говор покажа реакција против едностраните чекори коишто ги фрлаат Грција и Кипарско-грчкиот дел во Источниот Медитеран.

Укажувајќи на тоа дека Турција во секоја прилика покажува оти ќе застане во одбрана на своите права, претседателот Ердоган рече: "Апсолутно нема да ги дозволиме обидите со коишто се има за цел Турција речиси да дојде во состојба да не може да стапне нога во морето. Оние кои мислеа дека можат да фрлат чекор во Источниот Медитеран или Егејското Море почнаа да сфаќаат колку голема грешка прават."

"Апсолутно нема да ги прифатиме иницијативите во правец на речиси насилното одземање на природните извори во Источниот Медитеран со исклучување притоа на нашата земја и Турската Република Северен Кипар (ТРСК)." - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган во својот говор стави акцент на националноста во одбранбената индустрија и рече: "Турција својата зависност од надвор во одбранбената индустрија од 80 отсто ја намали на околу 35 отсто."Турција, со своите 4 фирми кои се влезени меѓу најголемите 100 фирми за одбранбена индустрија во светот е дојдена во положба на шеста земја која располага со најголем број фирми на овој список."

 



Слични вести