Ердоган: Целта на Турција е што побргу терористичката ПЈД/ЈПГ да го напушти Менбич во Сирија

Претседателот Ердоган ги сподели значајните детали од телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и истакна дека целта на Турција е терористичката организација ПЈД/ЈПГ што побргу да го напушти подрачјето на градот Менбич во Сирија

1081245
Ердоган: Целта на Турција е што побргу терористичката ПЈД/ЈПГ да го напушти Менбич во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаниот состанокот на претставниците на печатот со укранскиот претседател Петро Порошенко во Истанбул меѓу другото одговараше и на едно поствено прашање во врска со односите помеѓу Турција и САД.

Притоа претседателот Ердоган ги сподели значајните детали од остврениот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп и истакна дека целта на Турција е терористичката организација ПЈД/ЈПГ што побргу да го напушти подрачјето на градот Менбич во Сирија. 

Укажуваќи на дека во остварениот телефонски разговор со американскиот претседател Трамп му рекол дека  согласно посигнатиот компромис помеѓу Турција и САД терористичките елементи требаше да бидат извадени од подрачјето на Менбич во рок од 90 дена, но дека тој рок истече, претседателот Ердоган рече: „Министрите за надворешни работи на Турција и САД имаа договорено патна карта, не се почитуваше. Рековме дека е време да се стави во примена таа патна карта и процесот започна и продолжува.“

Ердоган напомена дека друг значаен наслов на телефонскиот разговор со Трамп беа чекорите во врска со финансиското прашање и притоа информираше дека како што рекол Трамп издал директива до своите министри во врска со финансиските прашања и проблемот во Менбич. 

Ердоган потсети дека во телефонскиот разговор станало збор и за прашањето со санкциите кон двајцата министри и дека на договорениот ден и час взаемно беа укинати овие санкции.

Тој додаде дека следната средба со американскиот претседател Доналд Трамп ќе се оствари во главниот град на Франција, Париз.

„Веќе е познато дека во Париз ќе се одржи еден меѓународен состанок. На овој состанок ќе имаме можност со господинот Трамп да оствариме директна средба лице в лице и тоа во однос и на поразлични прашања. На ист начин и со претседателот на Русија господинот Владимир Путин. Односно таму ќе ја доловиме можноста за средба во однос на овие видови прашања и со други светски лидери.“

 



Слични вести