Министерот Фатих Донмез: Меѓу земјите ослободени од санкциите на САД врз Иран се наоѓа и Турција

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека меѓу 8-те земји кои се ослободени од санкциите на САД врз Иран се наоѓа и Турција

1080721
Министерот Фатих Донмез: Меѓу земјите ослободени од санкциите на САД врз Иран се наоѓа и Турција

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез одовараше на прашањата на новинарите во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Во врска тоа дека меѓу земјите кои се ослободени од санкциите на САД врз Иран се наоѓа и Турција, министерот Донмез истакна дека оваа одлука на САД е дочекана со задоволство.

Осврнувајќи се на изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера во вечерните часови во врска со санкциите кои што ќе почнат да се стават во примена врз Иран од 5 ноември, министерот Фатих Донмез рече: „Господинот министер дал изјава во врска со ослободувањето или ограничувањето кон 8 земји од санкциите врз Иран, меѓу кои земји се наоѓа и Турција. Всушност пред се би сакал да го изразам моето задоволство поради оваа позитивна изјава.“ 

Донмез истакна дека ионака Турција уште од порано велеше оти овие санкции на САД би можеле да влијаат негативно на мирот, спокојството и економијата во соседните земји како што е Турција.

Тој рече: „На преговорите кои што ги одржаа и министерството за надворешни работи и нашето министерство за енергија и останатите надлежни го потцртавме особено ова прашање. Го нагласивме значењето на трговијата со нафта и природен гас на Турција со нејзините соседни земји од аспект на безбедното снабдување. Во точката до која што е дојдено се подразбира дека во одредена точка се прифатени од спротивната страна и нашите тези кои што ги изнесувавме од одамна.“

Велејќи дека точката до која е дојдено ќе обезбеди позитивен придонес за мирот, спокојството и стабилноста на регионот, министерот за енергија и природни ресури Фатих Донмез рече:  „Моментално податоците коишто пристигнуваат до нас се од видот дека (меѓу земјите осободени од санкциие) се наоѓа и Турција, меѓутоа деталите засега не пристигнаа до нас. Откако ќе пристигнат деталите би можеле да изнесеме дополнителни изјави и коментари. Оваа одлука е задоволувачка.“

 



Слични вести