Ердоган: Наредбата за убиството на Кашикчи е издадена од највисоките органи на саудиската влада

Претседателот Р. Т Ердоган за американскиот весник „Вашингтон пост“ напиша дека наредбата за убиството  на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) била издадена од страна на највисоките органи на саудиската влада

1080762
Ердоган: Наредбата за убиството на Кашикчи е издадена од највисоките органи на саудиската влада

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во статијата што ја напиша за американскиот весник „Вашингтон пост“ се осврна на ставот на Турција по убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул каде што на 2 октомври отиде за да земе документ за венчавка, а потоа беше дознаено дека веднаш откако влегол внатре во конзулатот бил задавен, а наговото мртво тело било распарено и уништено. 

Ердоган истакна дека наредбата за убиството  на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) била издадена од страна на највисоките органи на саудиската влада.

То во својата статиј за „Вашингтон пост“ напиша „Постојат уште многу прашања во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги) на кои треба да одговори Саудиска Арабија. Мног добро го знаеме и тоа дека наредбата за убиството на Кашикчи (Кашоги) е издадена од страна на највиските органи на саудиската влада. Дури и еднаш не поверував во тоа дека наредбата ја издал Кралот Салман.“

Велејќи дека како резултат на залагањата (напорите) на Турција целиот свет дозна дека Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е убиен со ладнокрвност од страна на атентаторски тим, претседателот Ердоган истакна: „Знаеме дека извршителите на убиството се наоѓаат меѓу 18 осомничени кои се уапсени во Саудиска Арабија. Иако помина еден месец од убиството на Кашикчи (Кашоги) се уште не знаеме каде е неговото тело. Во најмала рака, тој заслужува соодветен погреб (џеназе) во согласност со исламските обичаи.“

Ердоган во својаа статија напиша: „Доказите со коишто располагаме ги споделивме со сите наши пријателски и сојузнички земји, а пред се со САД. Нашето долгогодишно пријателство со Ријад не значи дека ќе го изоставиме од вид ова планирано убиство кое беше ивршено пред нашите очи. Никој повеќе не треба уште еднаш да се осмели да изврши едно вакво кривичо дело на територијата на еден сојузник на НАТО. (Во спротивно) Тоа ќе има мошне сериозни последици. Жалосно е тоа што саудиските функционери наместо да бидат во услуга на правдата, тие се во обид да го прикријат ова планирано убиство на кое што беше жртва Кашикчи.

Инаку саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе докмент за венчавка и потоа беше изгубена секаква трага од него и не можеа да се добијат никакви информации што се случи се него.

Потоа прексиноќа Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул соопшти дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) бил убиен веднаш штом влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул со тоа што најпрвин бил задавен, а потоа неговото тело било распарчено и уништено.

 



Слични вести