Чавушоглу им предложи на земјите од Д-8 да се формира Комора за размена на национални валути

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на отворањето на состанокот предложи да се формира Комора за размена на национални валути на земјите на Д-8, а со цел водење на меѓусебната трговија со национални валути

1080797
Чавушоглу им предложи на земјите од Д-8 да се формира Комора за размена на национални валути

Во Анталија се состана Совето на министрите за надворешни работи на Организацијата за економска соработка на 8 земји во развој, позната како Д-8.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа на отворањето на состанокот предложи да се формира Комора за размена на национални валути на земјите на Д-8, а со цел водење на меѓусебната трговија со национални валути.

Нагласувајќи дека Турција е на страната на подинамична Д-8 која ќе може да дава побрз одговор на меѓународните економски случувања, Чавушоглу рече: „Денес живееме во период кога девизните курсеви од страна на некои земји се користат со политички причини. Живееме во период кога се водат трговски војни. Најдобриот одговор на тоа можеме да го дадеме со употреба во нашата меѓусебна трговија на нашите домашни и национални валути."

Велејќи дека Турција се подготвува трговијата со земји како што се Кина, Русија, Украина и Иран да ја води со национални валути, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: "Продолжуваме да водиме дополнителни разговори и со голем број други земји. Тоа е можно да го оствариме и преку Д-8. Во тие рамки предложив да се формира Комора за размена на национални валути на Д-8."

 



Слични вести