Во последната една недела се неутрализирани вкупно 124 терористи на ПКК

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани 124 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1080510
Во последната една недела се неутрализирани вкупно 124 терористи на ПКК

Турција ја продолжува со одлучност борбата против тероризмот како внатре во границите на земјата, така и надворе преку границата.

Во реализираните операции во последната една недела се неутрализирани 124 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во периодот од 26 октомври до 1 ноември беа реализирани операции во подрачјата на градовите Сиирт, Дијарбакир, Мардин, Ширнак, Хаќќари, Муш внатре во границите на земјата и преку границата во северниот дел на Ирак. 

Во овие операции беа неутрализирани вкупно 124 терористи на ПКК.

Освен тоа во реализираните операции беа уништени и 50 наоружени позиции, скривници и складишта на сепаратистичко-терористичката организација.

 



Слични вести