Телефонси разговор меѓу Ердоган и Трамп

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор станало збор за билатерални прашања и случувањата во Сирија, а била направена проценка и на прашањата посветени на Менбич и Идлиб

1079972
Телефонси разговор меѓу Ердоган и Трамп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп остварија телефонски разговор.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор станало збор за билатерални прашања и случувањата во Сирија, а била направена проценка и на прашањата посветени на Менбич и Идлиб.

Двајцата лидери ја нагласија одлучноста по прашањето на фрлање конструктивни чекори во правец на уште повеќе зајакнување на меѓусебните односи и постигнаа согласност да бидат во близок контакт како во однос на билатерални така и во однос на регионални прашања ѝ во наредниот период.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор го осуди извршениот напад на една синагога во градот Питсбург на почетокот на неделата и го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во нападот и американскиот народ, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Белата куќа пак, во врска со остварениот телефонски разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп го објави следното соопштение: „Двајцата лидери разговараа за волјата за заедничко работење особено по прашањето на координацијата во Сирија.“

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во објавеното писмено соопштение рече: „претседателот (Доналд Трамп) разговараше со претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган. Двајцата лидери разговараа за волјата за заедничко работење особено по прашањето на координацијата во Сирија.Претседателот Ердоган го изрази своето сочувство за трагичните загуби во синагогата во Питсбург.“


 



Слични вести