Омер Челик: Тоа не е акт кој што би бил извршен без да се добие директива за тоа на високо ниво

Портпаролот на владејачката АК ПартијаОмер Челик изјави дека убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) не претставува акт кој што би бил извршен без да се добие директива за тоа на високо ниво

1079226
Омер Челик: Тоа не е акт кој што би бил извршен без да се добие директива за тоа на високо ниво

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик по вчерашниот состанок на Централниот извршен совет (МЈК) изјави дека убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) не претставува акт кој што би бил извршен без да се добие директива за тоа на високо ниво.

Омер Челик во врска со новинарот Кашикчи (Кашоги) за кого е обелоденето дека е убиен на свиреп начин во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул каде што на 2 октомври отиде за да земе документ за венчавка, го рече следното: „Сакаме да дознаеме каде е мртвото тело и да бидат информирани нашите надлежни органи за тоа кој е домашниот соработник.“

Омер Челик ја изнесе и констатацијата дека „Тоа не е акт кој што би бил извршен без да се добие директива за тоа на високо ниво“ и рече „Никого не обвинуваме однапред, меѓутоа нема да дозволиме и да се прикрие ништо.“



Слични вести