„Кашикчи бил задавен веднаш штом влегол во конзулатот, а неговото тело било распарчено и уништено“

Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул истакна дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи бил убиен веднаш штом влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул со тоа што бил задавен, а потоа неговото тело било распарчено и уништено

1079197
„Кашикчи бил задавен веднаш штом влегол во конзулатот, а неговото тело било распарчено и уништено“

Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул соопшти дека саудискиот новинар и колумнист на американскиот весник „Вашинтон пост“ Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) бил убиен веднаш штом влегол во Генералниот конзулат на својата земја (Саудиска Арабија) во Истанбул со тоа што бил задавен, според однапред подготвен план.

Во соопштението на Републичкото главно јавно обвинителство се истакнува дека потоа телото било распарчено и уништено. 

Во истото соопштение им се одделува место на следните изјави: „Саудиските органи не доставија било каква изјава во однос на тоа дека во врска со случајот постои домашен соработник.“

Републичкото гавно јавно обвинителство го истакна следното: „И окрај сите наши добронамерни напори во правец на откривање на вистината, од разговорите (со саудиската страна) на можеше да се добие конкретен резултат.“ 

Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул подвлече дека било повторено барањето за предавање на Турција на осомничените за кои е информирано дека се уапсени во Саудиска Арабија. 

Во соопштението воедно се вели дека Републичкиот главен јавен обвинител на Истанбул и делегација во негова придружба, во врска со убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашикчи) биле поканети во Саудиска Арабија.

Инаку, саудискиот новинар и колумнист на американскиот весник „Вашингтон пост“ Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул за да земе документи потребни за венчавка и потоа беше изгубена секаква трага од него.  

Саудските власти на 20 октомври сопштија дека Кашикчи (Кашоги) бил убиен по настаната кавга во конзулатот.

 



Слични вести