Сулејман Сојлу: За една година се неутрализирани 1.451 терорист на ПКК

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека за една година се неутрализирани 1.451 припадник на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и 40 припадници на екстремно-левичарските организации, а се уапсени и 336 членови на ДЕАШ

1078221
Сулејман Сојлу: За една година се неутрализирани 1.451 терорист на ПКК

Пред денешниот состанок за безбедност во Анкара министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги информираше претставниците на печатот во врска со операциите кои што се реализираат против терористичките организации.

Притоа министерот Сојлу истакна дека во период од една година се неутрализирани 1.451 припадник на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и 40 припадници на екстремно-левичарските организации.

Сулејман Сојлу рече: „За една година се реализирани 91.297 операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, 38.725 операции против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, 2.483 операции против терористичката организација ДЕАШ и 655 операции против екстремно-левичарските организации. Притоа во период од една година се неутрализирани 1.451 припадник на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и 40 припадници на екстремно-левичарските организации, а се уапсени и 336 лица членови на терористичката организација ДЕАШ.“

 



Слични вести