Свечено отворен новиот аеродром во Истанбул

Новиот аеродром на Истанбул се вика Истанбул

1077730
Свечено отворен новиот аеродром во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган вечерва свечено го отвори новиот аеродром на Истанбул, најголемиот на светот кој ќе се вика Истанбул.

На свеченото отворање на новиот аеродром учествуваа претседателот на Албанија Илир Мета, емирот на Катар Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков, претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, претседателот на Молдавија Игор Додон, претседателот на Пакистан Ариф Алви, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Судан фелдмаршалот Омар Хасан Ахмад Ал Башир, претседателот на претседателот на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ, претседателот на Бугарија Бојко Борисов, потпретседателот на владата на Демократска Република Конго и министер за транспорт и комуникации, потпретседателот на владата на Словенија и министер за инфраструктура Аленка Братушек, министерот за надворешни работи на Грузија Давид Залкалини (претседател на делегацијата), министерот за надворешни работи на Иран Џевад Зариф (претседател на делегацијата), претседател на Автономната Покраина Гагаузија Ирина Влах.

Ердоган со странските лидери кои беа поканети у чествуваа на свеченото отворање на аеродромот се фотографираа за семејна фотографија, додека со боксерот од Дагестан Хабиб Нирмагомедов посебно се ракуваше.

Домашните и странски медиуми покажаа големо интересирање кон свеченото отворање на аеродромот.

Странските медиуми објавија низа информации во врска со изградбата, свеченото отворање и архитектурата на аеродромот објавија низа информации и изјави во текот на целиот ден.

На свеченото отворање на новиот аеродром учествуваа голем број гости од домашната политичка, спортска, уметничка и деловна средини како што се поранешната премиерка Тансу Чилер и сопругот ОЗер Чилер, претсдетаелот на Фудбалската федерација на Турција Јилдирим Демирорен, поранешни министри и високи бирократи.

На свеченото отворање учествуваа патријархот на грчката патријаршија Фенер Вартоломеј, главниот рабин на еврејската заедница во Турција исак Халева, митрополитот на сириската православна црква Мор Филикиносу Јусуф Четин.

За отворањето на првата етапа на новиот аеродром кој се простира на површина од 76,5 милиони метри квадратни се вложени инвестиции од 6 милијарди евра.

Останатите етапи на аеродромот ќе бидат окончани до 2023 година, зависно од порастот на бројот на патниците.

Кога ќе заврши целосната изградба, новиот аеродром ќе располага со 6 независни пости, капацитет од 500 авиони, отворени и затворени паркинг плацови за над 70 илјади возила и годишен капацитет на патници од 200 милиони патници.

На свеченото отворање на новиот аеродром учествуваат голем број странски државници и високи гости, Првиот лет ќе започне на 31 октомври на внатрешна дестинација со летот на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс од Истанбул за Анкара. На 1 ноември ќе се оствари првиот лет за Анталија, на 2 ноември првиот лет за Измир.

Првиот надворешен лет ќе се оствари на 1 ноември за Турската Република Северен Кипар, додека на 8 ноември ќе се оствари првиот лет за Азербејџан.

До крајот на годината се предвидува дневно да слетуваат и полетуваат по 2 илјади авиони на ден.

Од новиот аеродром на Истанбул ќе се остварат летови за 350 дестинации.

Аеродромот ќе биде опслужен од 250 авиокомпании.

Во новиот аеродром кој ќе биде опремен со највисоко ниво на безбедносни мерки и технолошки достигнувања првпат ќе се употребат земни радари.



Слични вести