Денес во Истанбул свечено се отвора новиот аеродром

Новиот аеродром ќе располага со 6 независни пости, капацитет од 500 авиони, отворени и затворени паркинг плацови за над 70 илјади возила и годишен капацитет на патници од 200 милиони патници

1077442
Денес во Истанбул свечено се отвора новиот аеродром

Денес во Истанбул свечено се отвора новиот аеродром

Првата етапа на новиот аеродром на Истанбул ќе се отвори денес на 29 октомври од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

За отворањето на првата етапа на новиот аеродром кој се простира на површина од 76,5 милиони метри квадратни се вложени инвестиции од 6 милијарди евра.

Зависно од порастот на бројот на патниците до 2023 година постепено ќе се отворат и другите етапи на новиот аеродром.

Кога ќе заврши целосната изградба, новиот аеродром ќе располага со 6 независни пости, капацитет од 500 авиони, отворени и затворени паркинг плацови за над 70 илјади возила и годишен капацитет на патници од 200 милиони патници.

На свеченото отворање на новиот аеродром ќе учествуваат голем број странски државници и високи гости, Првиот лет ќе започне на 31 октомври на внатрешна дестинација со летот на авиокомпанијата Туркиш ерлајнс од Истанбул за Анкара. На 1 ноември ќе се оствари првиот лет за Анталија, на 2 ноември првиот лет за Измир.

Првиот надворешен лет ќе се оствари на 1 ноември за Турската Република Северен Кипар, додека на 8 ноември ќе се оствари првиот лет за Азербејџан.

До крајот на годината се предвидува дневно да слетуваат и полетуваат по 2 илјади авиони на ден.

Од новиот аеродром на Истанбул ќе се остварат летови за 350 дестинации.

Аеродромот ќе биде опслужен од 250 авиокомпании.

Во новиот аеродром кој ќе биде опремен со највисоко ниво на безбедносни мерки и технолошки достигнувања првпат ќе се употребат земни радари.



Слични вести