Заедничка декларација од квадрилатералниот состанок во Истанбул

Ердоган: „Турција нема да дозволи терористички активности по должината на границата“

1076951
Заедничка декларација од квадрилатералниот состанок во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Турција нема да дозволи терористички активности по должината на границата“.

По квадрилатералниот состанок во Истанбул посветен на Сирија, претседателот Ердоган заедно со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претсдетаел Емануел Макрон и германската канцеларка АНгела Меркел одржаа заедничка прес конференција.

Ердоган во говорот на состанокот рече:

„Целта на Турција е да се постигне целосно примирје на теренот и што побрзо да се прекине крвопролевањето.

Една од основните причини поради претворањето на конфликтот со Сирија во глобален проблем е недоволната ангажираност на меѓународната заедница.

На средбата имавме можност да размениме мислења во врска со сето она што може да се направи согласно легитимните барања на сирискиот народ за изнаоѓање политичко решение и воспоставување стабилност во земјата. Подолг временски период товарот на тешкотиите предизвикни од кризата во Сирија беа принудени и го носеа сириските цивили и соседните земји. Денес со учество на Франција и Германија, имавме можност да увидиме дека синергијата која беше доловена во Астана ќе придонесе да се постигне поголем напредок во напорите за постигнување мир во регионот.

Голем број земји сериозноста на ситуацјата во Сирија може да ја сфатат дури кога влијанието на кризата се потпре и на нивните врати. Затоа што побрзо треба да се оконча оваа рамнодушност.

На состанокот постигнавме согласност за зајакнување на соработката како меѓу четирите земји така и на меѓународно ниво. Упативме повик за што поскоро окончување на активностите за формирањето на Уставната комисија во Сирија и започнување со потребните активности.

Заканата од тероризмот поддржана од сириски извори како и зајакнувањето на соработката и во таа сфера беше едно друо значајно прашање на кое се осврнавме на разговорите и постгнаме компромис, потенцирајќи дека Турција е земја која најмногу е изложена на неповолното влијание на терористичките организации.

Во Сирија ги реализиравме операциите „Еуфратски штит“ и „Маслиново гранче“. Во тие рамки формиравме безбедносна зона од 4 илјади метри квадратни. Турција нема да дозволи терористичките организации да го зголемат своето влијание по должината на границата.

На состанокот постигнавме согласност и за доставување хуманитарната помош на настраданите Сиријци во војната во оваа земја. Турција е домаќин на 3,5 милиони Сиријци.

Верувам дека сите ние кои учествуваме на состанокот за Сирија во Истанбул, ќе ги зголемиме напорите за изнаоѓање решение и во тие рамки ќе ја продолжиме одлучноста на тоа поле. Во врска со содржината на разговорите ќе го информираме и Иран. Решителноста е потреба која ја налага солидарноста со сирискиот народ, рече претседателот Ердоган.

Рускиот претседател Вадимир Путин беше вториот говорник на заедничката прес конференција по состанокот во Истанбул. Путин во говорот рече дека решението во Сирија може да се постигне единствен по пат на дипломатија. Меѓународната заедница треба заедно да дејствува во однос на сириското прашање, подвлече Путин.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сирискиот народ треба да има право на збор за својата иднина.

Неприфатлива е употребата на хемиско оружје не само во регионот, туку и во целиот свет, рече макрон.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека на состанокот разговарале и за можност за враќање на сириските бегалци во нивната земја.

Затоа со ОН треба да се реализира многу силна соработка. Треба да се обезбедат услови сите оние кои што ќе се вратат да не бидат уапсени и да оформат потребните услови за повторно формирање на човечката структура. Многу е значајно поистоветувањето на политичкиот процес со овој период. Исто така кризата во Идлиб треба да се реши по мирољубив и хуман начин, без да се доживеат некои тешкотии и проблеми, подвлече Меркел.



Слични вести