Ердоган: „Останатите територии на северот на Сирија ќе ги ослободиме од насилство“

Сега копаат ровови и ендеци по околината на Мунбич. Во суштина си ги спремаат гробиштата. По се изгледа дека нема да ни остават многу работа

1076869
Ердоган: „Останатите територии на северот на Сирија ќе ги ослободиме од насилство“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека повторно го разгледавме терористичкото прашање и преминавме кон уништување.

Претседателот Ердоган одржа говор на свеченоста што се одржа по повод доделувањето на дипломите на втората генерација на подофицери со договор  на академијата за жандармери и припадници на крајбрежната стража.

Главна тема на говорот на претседателот Ердоган беше борбата против сепаратистичко-терористичката организација.

Алудирајќи на фактот дека терористичката организација копа ровови и ендеци во Мунбич и околината, Ердоган рече: „Сега копаат ровови и ендеци по околината на Мунбич. Во суштина си ги спремаат гробиштата. По се изгледа дека нема да ни остават многу работа.

Како што го ослободивме Африн, така ќе ги ослободиме и спасиме и Мунбич, Ајн ал-Араб и Тел Абјад како и другите територии на северот на Сирија ќе ги ослободиме од насилствата на сепаратистичко-терористичката организација.

Сите оние формации кои што се насочени против трајноста, стабилноста на нашата татковина како и врз животите на нашиот народ, наместо да ги дочекаме во земјата, сега фрламе конкретни чекри така што ќе ги исушиме нивните мочуришта. Благодарение на нашите напори имаме можност да видиме дека сериозно се намалува бројот на учесниците во сепаратистичко-терористичката организација како и капацитетот на терористичките акции“ рече Ердоган.

Со употреба на оружјето од домашно производство во операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче, Турција докажа дека нема потреба од никого.



Слични вести