Ердоган: „Дојде време кога се неодложни реформите во СБ на ОН како надлежен и одговорен орган на ОН“

Глобални проблеми освен врз земјите со ограничени економски можности во Африка и Азија исто така многу повеќе и неповолно се одразуваат и врз развиените земји

1075181
Ердоган: „Дојде време кога се неодложни реформите во СБ на ОН како надлежен и одговорен орган на ОН“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека дојде време кога се неодложни реформите во СБ на ОН како надлежен и одговорен орган на Обединетите нации формирана пред 73 години за воспоставување глобален мир и безбедноста.

Во соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на претседателството беше истакнато дека претседателот Ердоган објави порака во врска со 73-та годишнина од формирањето на ОН.

Ердоган изрази желба годишнината од формирањето на ОН чиј основоположител е и Турција да биде аирлија за целото човештво, потенцирајќи дека се соочува со сериозни предизвици и искушенија како што се климатските промени, етничко чистење, глад, ксенофобија, епидемии, тероризам и друго.

Наведените глобални проблеми освен врз земјите со ограничени економски можности во Африка и Азија исто така многу повеќе и неповолно се одразуваат и врз развиените земји. Затоа ниту една земја не ќе може самостојно да се справи наведените предизвици кои ги намалуваат можностите за барање и воспоставување правда и предизвикуваат закана врз заедничката иднина на целото човештво, рече Ердоган.

Заедничките проблеми можат да се решат единствено со заеднички напори на сите земји. Во тој контекст, покрај сите тешкотии во последните години, ОН и натаму продолжуваат да важат за најзначајна платформа за изнаоѓање одржливо решение на заедничките проблеми и прашања.

Дојде време кога се неодложни реформите во СБ на ОН како надлежен и одговорен орган на Обединетите нации формирана пред 73 години за воспоставување глобален мир и безбедноста. Познати се претходните случувања и тагата во Руанда, Босна и Херцеговина, Косово како и во последните 8 години во соседна Сирија. Сите овие примери претставуваат јасни показатели за неостварувањето на предвидената должност и обврска на СБ, рече Ердоган.



Слични вести