ТВС продолжуваат со борбата против тероризмот

Меѓу неутрализираните терористи се наоѓа и терористот Јусуф Тунч кој се наоѓа на сивата листа на барани терористи

1073162
ТВС продолжуваат со борбата против тероризмот

Во операциите на ТВС во последните седум дена во рамките на борбата против тероризмот беа неутрализирани 18 терористи од кои еден наводен висок раководител.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 15 октомври до 22 октомври беа извршени 2 829 операции.

Меѓу неутрализираните терористи се наоѓа и терористот Јусуф Тунч кој се наоѓа на сивата листа на барани терористи.

Во операциите беа приведени 199 лица за кои постои основано сомнение за поврзаност со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, 667 приврзаници со Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ, 71 приврзаник на ДЕАШ и 19 лица за поврзаност со левичарските организации.

Против 227 лица беа преземени правни дејствија поради вршење пропаганда на терористичката организација и ширење омраза преку 250 профили на социјалните медиуми.



Слични вести