Чавушоглу оствари телефонски разговор со Помпео

Министрите Чавупшоглу и Помпео остварија телефонски разговор со цел да ги следат прашањата за кои разговараа претседателите Ердоган и Трамп

1072946
Чавушоглу оствари телефонски разговор со Помпео

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот колега Мајк Помпео.

Според дипломатски извори, министрите Чавупшоглу и Помпео остварија телефонски разговор со цел да ги следат прашањата за кои разговараа претседателите Ердоган и Трамп.

Во соопштението кое беше објавено од претседателскиот прес центар, претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп на телефонскиот разговор што го остварија освен билатералните односи разменија мислења и во врска со борбата против тероризмот, случајот на саудискиот новинар Џемал Кашикчи и последните случувања во Сирија.

Министерот Чавушоглу и американскиот колега Помпео последен пат се сретнаа на 17 октомври.



Слични вести