Ердоган и Вучиќ остварија телефонски разговор
Двајцата лидери ја потврдија одлучноста за дополнително јакнење на односите меѓу Турција и Србија во сите полиња
1070096

Синоќа претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Според извори од Канцеларијата на претседателот, претседателите Ердоган и Вучиќ на синоќешниот телефонски разговор разменија мислења за билатералните односи како и за значењето на зачувувањето на мирот и просперитетот во регионот.
Двајцата лидери на разговорот ја потврдија одлучноста за дополнително јакнење на односите меѓу Турција и Србија во сите полиња.
Ердоган и Вучиќ потсетија дека во 2019 година се одбележуваат 140 години од воспоставување на дипломатските односи на двете земји, потенцирајќи на значењето на механизмот на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Србија.
Слични вести
