Претседателот Ердоган оствари телфонски разговор со саудискиот крал

Главна тема на разговорот беше обелоденувањето на случајот со нвинарот Џемал Кашикчи

1068555
Претседателот Ердоган оствари телфонски разговор со саудискиот крал

Според извори од претседателството, претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз.

Главна тема на разговорот беше обелоденувањето на случајот со саудискиот новинар Џемал Кашикчи.

Претседателот Ердоган и кралот Селман потенцираа на значењето на формирањето заедничка Турско-саудиска работна група за истражување на случајот.

За Кашикчи кој беше познат со придонесот за весникот Ал ватан кој претставува значајна платформа за саудиските реформисти и информациите за Блискиот Исток кај западните медиуми, од 2 октомври наваму кога последен пат беше виден како влегува во зградата на Генералниот конзулат во Истанбул нема информации.

Саудиските власти ги демантираа тврдењата дека Кашикчи бил убиен во зградата на конзулатот и го изнесуваат тврдењето дека новинарот излегол од зградата и не му е познат крајот.



Слични вести