Турција го осуди терористичкиот напад на предизборен митинг во провинцијата Тахар во Авганистан

МНР на Турција го осуди денешниот терористички напад за време на еден предизборен митинг во провинцијата Тахар во Авганистан во кој загинаа 14 лица, а 35 лица се ранети

1068434
Турција го осуди терористичкиот напад на предизборен митинг во провинцијата Тахар во Авганистан

Турција го осуди реализираниот терористички напад за време на еден предизборен митинг во провинцијата Тахар во северозападниот дел на Авганистан.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста во врска со денешниот терористички напад за време на еден предизборен митинг во провинцијата Тахар во северозападниот дел на Авганистан.

Во соопштението се вели следното: "Го осудуваме овој предавнички терористички напад, на загинатите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателската авганистанска влада и до братскиот авганистански народ, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување."

Инаку, во реализираниот бомбашки напад за време на предизборен митинг на еден кандидат за пратеник во населеното место  Рустак во провинцијата Тахар во северозападниот дел на Авганистан загинаа 14 лица, а 35 лица беа ранети.

 



Слични вести