Ердоган: Меѓународниот систем распукува во вистинска смисла на зборот

Претседателот Ердоган истакна дека правдата претставува заедничка вредност и барање на целото човештво и напомена дека меѓународниот систем распукува во вистинска смисла на зборот

1068007
Ердоган: Меѓународниот систем распукува во вистинска смисла на зборот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на синоќешната приредена вечера по повод Четвртиот меѓународен самит на врховните судови што се одржа во сарајот Долмабахче во Истанбул им се обрати на гостите кои допатуваа по повод овој самит од различни земји од целиот свет.

Притоа Ердоган истакна дека меѓународниот систем кон кој милијарди луѓе ги поврзуваат своите надежи, распукува во вистинска смисла на зборот.

Тој напомена дека правдата претставува заедничка вредност и барање на целото човештво.

Нагласувајќи дека на земјината површина не престануваат зулумот, неправдите, криковите, плачот и солзите, Ердоган рече: „Ако човештвото не може да го спречи масакрирањето на десетици илјади, стотици илјади, милиони луѓе во Босна, Мјанмар, во Сирија, како би можеле да говориме за правда на земјината површина?“

Велејќи „Ако храната која што се фрла во отпад кај западните општества е достигната до димензии да би можела да ги нахрани сите гладни во Африка, за која правда овде би можело да се говори?“, претседателот Ердоган продолжи: „Кој од нас би можел да се чувствува внатре во кругот на правдата во свет во кој земјите кои само заради сопствената безбедност и сопствениот просперитет ги затвараат своите врати за угнетените и загрозените, а кои земји го носат епитетот развиени."

Претседателот Ердоган потсети дека голем број организации на чело со Обединетите нации (ОН) чија цел е да ја воспостават целокупната безбедност и просперитетот во светот, имаат потпишано голем број меѓународни документи во оваа насока."

Тој рече: " Со жалење треба да кажам дека овие организации, овие документи не функционираат како што се предвидува. Меѓународниот систем кон кој милијарди луѓе ја поврзуваат својата надеж, распукува во вистинска смисла на зборот."

Ердоган потсети дека Турција во секоја прилика ја изнесува потребата од реформа во Обединетите нации (ОН), а особено во Советот за безбедност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: "Во основата на овој наш повик којшто го формулиравме како 'светот е поголем од пет' се наоѓа барањето на правда. Тоа што судбината на 193 земји во светот е поврзана само за 5 земји, па дури и за една земја, претставува најголема неправда. Затоа ние сакаме системот да се формира наново. Велиме дека веруваме оти овие места треба целосно да се реформираат."

 



Слични вести