Турција и Кувајт ја зајакнуваат воената соработка

Според веста на кувајтската новинска агенција „КУНА“, помеѓу Турција и Кувајт е потпишан договор за соработка како продолжеток на заедничката воена координација, а со цел споделување на искуства и обединување на напорите

1066937
Турција и Кувајт ја зајакнуваат воената соработка

Турција и Кувајт ставија потпис на план за соработка во заедничката одбрана за 2019 година, а со цел зајакнување на меѓусебната воена соработка.

Според веста на кувајтската новинска агенција „КУНА“, помеѓу Турција и Кувајт е потпишан договор за соработка како продолжеток на заедничката воена координација, а со цел споделување на искуства и обединување на напорите.

Во веста се истакнува дека договорот за кој станува збор беше потпишан од страна на воените функционери на двете земји.

Инаку, во Кувајт на 9 и 10 октомври беа одржани состаноци на Турско-кувајтскиот комитет за воена соработка.



Слични вести