Турција го осуди вчерашниот терористички напад на изборна канцеларија во Хелманд во Авганистан

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни равботи се изразува жалење поради големиот број загинати и ранети во реализираниот терористички напад на изборната канцеларија во провинцијата Хелманд во Авганистан

1065665
Турција го осуди вчерашниот терористички напад на изборна канцеларија во Хелманд во Авганистан

Турција го осуди терористичкиот напад на една изборна канцеларија во провинцијата Хелманд во Авганистан.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни равботи се изразува жалење поради големиот број загинати и ранети во реализираниот терористички напад на изборната канцеларија во провинцијата Хелманд во Авганистан.

Во соопштението се вели следното: „Го осудуваме овој предавнички терористички напад, на загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до пријателската авганистанска влада и братскиот авганистански народ, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, во реализираниот самоубиствен терористички напад вчера на изборната канцеларија на еден кандидат за пратеник во провинцијата Хелманд во јужниот дел на Авганистан загинаа 8 лица, а 11 лица беа ранети.  

На местото каде што беше реализиран терористичкиот напад се одржуваше предизборна кампања за парламентарните избори закажани за идната недела.



Слични вести