Турските војници го реализираа 58-мото патролирање во Менбич во Сирија

Генералштабот соопшти дека турските војници и воените единици на САД денеска го реализираа 58-мото координирано/независно патролирање на линијата меѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во Сирија

1066126
Турските војници го реализираа 58-мото патролирање во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) ги продолжуваат патролирањата во подрачјето на градот Менбич во Сирија.

Според објавеното соопштение од Генералштабот, од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и единиците на вооружените сили на САД на линијата меѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во Сирија, денеска беше реализирано 58-мото координирано/независно патролирање.

Првото патролирање во ова подрачје беше реализирано на 18 јуни.

 



Слични вести