Претседателот на Собранието Јилдирим: Ерменија треба да стави крај на оние нејзини глупави тврдења

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим истакна дека изнесувањето на извесни обвинувања од страна на поедини земји не е во усогласеност со целта на одржување на овој состанок и рече дека Ерменија треба да стави крај на оние нејзини глупави тврдења

1065699
Претседателот на Собранието Јилдирим: Ерменија треба да стави крај на оние нејзини глупави тврдења

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим говореше на затворањето на третиот состанок на претседателите на евроазиските парламенти што се одржа во Анталија и чија годинашна тема гласеше „Економската соработка, животната средина и одржливиот развој во Евроазија“.

Јилдирим истакна дека Ерменија треба да стави крај на оние нејзини глупави тврдења.

Нагласувајќи дека беше одржан еден пристоен состанок на кој што беа изнесени прекрасни идеи и беше подготвена една прекрасна декларација, Бинали Јилдирим рече дека изнесувањето на извесни обвинувања од страна на поедини земји не е во усогласеност со целта на одржување на овој состанок.

Јилдирим напомена дека претставникот на Ерменија на состанокот изнесе извесни тврдења и рече: „Не е можно да ги прифатиме изјавите со кои што се искривоколчуваат вистините, за време на одржување на еден ваков состанок на кој бараме решение за глобални проблеми и и придаваме значење на стабилноста во регионот и во светот. Доколку Ерменија посакува навистина да ги поправи своите односи со Турција треба да стави крај на овие глупави (таканаречени) тврдења за геноцид и истражувањето на историските настани треба да им го препушти на историчарите.“  

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим воедно истакна дека Ерменија со изборот што го прави самата се изолира себе си во регионот и рече: „Ерменија само доколку следи мирољубива политика ќе успее да ги нормализира односите со своите соседи и ќе може да придонесе за мирот, стабиолноста и просперитетот во регионот во кој што се наоѓа. Доколку завршат војната и насилството и биде воспоставена средината на мир и безбедност, ќе бидат решени и значаен дел од проблемите како што се бегалците и илегалните имигранти.“

 



Слични вести