Повик од претседателот Ердоган до африканските земји на соработка и тргување со национални валути

Претседателот Ердоган во своето уводно обраќање на Турско-африканскиот економски и бизнис форум што се одржува во Истанбул ги повика африканските земји на заедничка соработка и тргување со национални валути

1066067
Повик од претседателот Ердоган до африканските земји на соработка и тргување со национални валути

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Турско-африканскиот економски и бизнис форум што се одржува во Истанбул каде што ги повика африканските земји на заедничка соработка и тргување со национални валути.

Нагласувајќи дека Турција и придава големо значење на соработката со африканскиот континент, Ердоган во својот говор рече: „Турција која до пред 10-15 години можеше да се види само во одредени региони и во одредени сфери, денеска е дојдена во положба на шеста земја која располага со најраспространета дипломатска мрежа во светот.“

Претседателот Ердоган истакна дека се планира да се организира третиот Самит за партнерство меѓу Турција и Африка за кој што се предвидува да се одржи во 2019 година повторно во Истанбул.

Тој подвлече дека Турција своето најголеми дипломатско претставништво во светот го отвори во Сомалија и продолжи со следните зборови: „Освен со нашите амбасади го распространивме нашето присуство на континентот и со нашите институции како што се Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Институтот Јунус Емре, Фондацијата (Вакафот) Маариф, новинската Агенција Анадолија (АА) и Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Велејќи дека светот останува нем пред убиствата кои што ги извршува Израел, претседателот Ердоган напомена дека африканските земји пак застануваат во одбрана на палестинскиот народ и палестинската кауза.

„Додека низа земји им ја отворија својата прегратка на пучистите Африканската унија секогаш својот став го изнесе на страната на демократијата и правото“ - рече Ердоган и додаде дека спротивно на она што се мисли товарот на војните, судирите и миграциите во светот е врз малку развиените земји и земјите во развој, а не врз западните земји. 

Обраќајќи им се на сите африкански земји претседателот Ердоган го упати следниот повик: „Веќе им велам на сите мои африкански пријатели, браќа: Дојдете да соработуваме и тргуваме со национални валути.“ 

Ердоган напомена дека и Африканците исто како и Турците се стекнаа со слобода со својата крв и рече: „Турците и Африканците со својата слобода се стекнаа со животот и крвта на своите предци и своите чеда, а не со благодетта на извесни сили. Ние до овие денови дојдовме плаќајќи сметка, а не со валкани пазарења. Нашата слобода не ни беше принесена во златна тепсија од страна на некои. Спротивно на тоа ние со сето тоа се стекнавме со нашата сопствена пот и сопствена сила. На ист начин ја изградивме и нашата иднина. Победувајќи ги силите за кои се велеше дека се непобедливи, со извојување на низа победи кои изгледаа невозможни, чекоревме кон нашата слобода. Борбата што ја водевме за нашата политичка независност, сега ја водиме за нашата економска независност.“

 



Слични вести