Посетата на Ердоган на Унграија во медиумите на оваа земја

Безбедноста на Унгарија директно е поврзана за Турција

1066058
Посетата на Ердоган на Унграија во медиумите на оваа земја

Посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 8 и 9 октомври на Унгарија наиде на широк оддек во медиумите на оваа земја.

Еден од најугледните весници на Унгарија „Маџар идок“ во веста посветена на посетата на претседателот Ердоган ја објави под наслов со изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој рече дека „Стабилноста на Турција е во корист на Унгарија“.

Претседателот Ердоган во рамките на посетата на Унгарија одржа средби со претседателот на земјата Јанош Адер, премиерот Виктор Орбан и претседателот на Националното собрание Ласло Ковер истакна весникот потенцирајќи дека Ердоган го отвори турбето на Ѓул Баба во Будимпешта, дело кое датира од периодот на Османлиите.

Во веста меѓудругото се истакнува дека безбедноста на Унгарија директно е поврзана за Турција. Стабилната власт во Турција претставува гаранција за безбедноста на Унгарија. Турција, исто како и Унгарија се наоѓа на патот на миграциите. За Унгарија многу е значајна стабилноста на Турција како земја која што може да воспостави мир во регионот и може да ги спречи илегалните миграции од регионот, беше истакнато во весникот.

Влијателниот информативен канал „Хир ТВ“ на Унгарија во веста што ја објави на веб страницата на интернет ја објави изјавата на премиерот Орбан кој рече дека Унгарија и Турција имаат стабилни влади.

Во веста меѓудругото се истакнува дека Унгарија продолжува со поддршката на процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ и дека во рамките на посетата, премиерот Виктор Орбан уште еднаш го потврди ставот на земјата кон прашањето.



Слични вести